Законот за еднакви можности на жените и мажите пред пратениците

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 19.седница.

На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за еднакви можности на жените и мажите,  за превоз во патниот сообраќај, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавни патишта, за внатрешна пловидба, за сигурност во железничкиот систем, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за технолошки индустриски развојни зони, за индустриски-зелени зони, за минерални суровини, за шуми, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите по скратена постапка.

28.10.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега