Груевски на Самит на ЕПП во Брисел
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија во Брисел.
Европската народна партија е најголемата политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент. Таа преставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската Унија.
Меѓу присутните на Самитот во Брисел по правило се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерите на Унгарија Виктор Орбан и на Полска Доналд Туск.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на Самитот ќе ја искористи можноста за средба со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.
Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија во присуство на лидерите на земји-членки на Европската унија како и на претседателите на народните политички партии во Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа