Еве каде вее снег во моментов низ Македонија
Снежни врнежи со помал интензитет ноќеска и во текот на утринските часови се регистрирани на планинските врвови и повисоките места. Мала снежна покрива има на Шар Планина, поточно на Попова Шапка. Послаб снег е регистриран и на Баба Планина. Бели се врвовите и околу Скопје. Снег има на врвот на Водно околку жичарницата како и на највисоките точки на Скопска Црна Гора.
Времето во Македонија денеска ќе биде врнежливо, а на повисоките места ќе продолжи да врне снег.
Врнежите на планините ќе бидат од снег особено во претпладневните часови, дневната температура значително ќе опадне поради умерениот до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од пет до 14 степени.
Во Скопје слично време, облачно со дожд и со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до девет степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа