МОН ќе ги анализира заклучоците од средбата со СОНК

 

На средбата со Синдикатот за образование, наука и култура во петокот произлегоа заклучоци кои Министерството за образование и наука ќе ги анализира во следниот период. За ова денеска соопшти заменик-министерот Спиро Ристовски, по посетата на новиот едукативен центар за физиотерапија во училиштето „Димитар Влахов“.

- Ние бевме многу транспарентни и на самиот почеток на разговорите соопштивме дека по однос на висината на платата покачувањето ќе биде идентично како и за сите други вработени во државната администрација, односно јавните службеници. Во врска со екстерното, укажавме дека тоа ќе продолжи да се спроведува, а прифаќаме сугестии кои ќе го подобрат квалитетот на образованието на учениците и објективноста во оценувањето на наставниците, рече Ристовски, кој не навлезе во детали од петочните разговори за, како што рече, да не се внесуваат шпекулации во односот на двете преговарачки страни.

Најавениот штрајк за 29 септември СОНК го стави во мирување до крајот на годинава откако со МОН договори да разговараат за синдикалните барања.

20.10.2014 - 13:43


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега