За само два дена 314 повици на „Ало докторе“

 

Телефонската линија за медицински совети- Ало докторе, во изминативе два дена со пресек до 22 часот имаше вкупно 314 јавувања.

 17 доктори- специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Во изминативе два дена, 17 и 18 октомври, на две лица поради здравствената состојба за која ја побарале линијата Ало докторе, од страна на дежурните доктори специјалисти им е укажано да ја побараат службата за итна медицинска помош.

Најголем број јавувања од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија 15123, биле за здравствени совети во врска со фебрилни состојби и настинки, притисок, главоболки и кардиоваскуларни симптоми.

Денес на дежурство во кол центарот на Ало докторе од 18 до 22 часот ќе биде доктор Емилија Велкова- директор на Клиниката за трансфузиологија, а во понеделник, за медицински совет ќе биде достапен доктор Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

19.10.2014 - 13:02


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега