Што ќе се случува со времето денеска?

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец.

Во претпладневните часови ќе им зголемена облачност и со услови за слаб локален дожд во крајниот северозападен дел од земјава, а по котлините и по речните долини се уште ќе има појава на магла и ниска облачност која во попладневните часови се очекува да се намали. 

Утринската температура ќе се движи од девет до 13, а дневната од 24 до 28 степени. 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, но и со појава на магла. Во попладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

15.10.2014 - 09:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега