Одбележување на Меѓународниот ден на слепите лица

 

Меѓународен ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на обединетите нации со мотото НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС! НЕ ЗАМИЖУВАЈ! утре (15 октомври) ќе се одбележи и во Скопје.

Имено предвидена е целодневна програма од културен карактер.

10.00-17.00ч Во текот на целиот слепите ќе даруваат крв на крводарителската акција под наслов “СЛЕПИТЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА” по повод 15 октомври Светски ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек во Центарот за дарување на крв во Домот на Хуманитарните организации Даре Џамбаз во Скопје на адреса ул.11.Октомври бр.42 А Скопје. (Акција од затворен тип само за слепите и слабовидни лица)

10.30 ч-ФЛЕШ МОБ (Плоштад Македонија пред фонтана Александар Македонски ) слепи и слабовидни лица облечени во маички со назив “не замижувај” како и платнени наочари со назив “не замижувај”со дефиле до ДХО Даре Џамбаз во Скопје.

11.00ч –Изложба на тифло-технички помагала, ракотворби на слепите жени изработени на Семинарот за жени “АКТИВ НА СЛЕПАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИ РАКОТВОРБИ” одржан во Струга ВО ПЕРИОДОТ ОД 27-29.06.2014 година и кулинарските способности на вештата жена. На самиот настан ќе се има можност да се види креативна работилница на плетење, браево креативно пишување, изработка на накит и сл. (ДХО Даре Џамбаз во Скопје на ул.11 Октомври бр 42 А Скопје во холот)

Во рамките на креативната работилница како и на сите активности учество ќе земат и децата од Државното училиште за деца и малдинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје.

11.30ч -Проглас за јавноста  (ДХО Даре Џамбаз во Скопје на ул.11 Октомври бр 42 А Скопје во сала 5 на приземјето)

Обраќање на Претседателот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, г-дин Селковски Жарко

Обраќање на Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, г-дин Диме Спасов

Обраќање на г-ица Ксенија Николова, првиот автор на аудио книга “ИДИОТСКИ ПРИКАЗНИ”

Проглас за медиумите

Во рамките на одбележувањето на 15 Октомври ќе се одржи и Државното првенство во ГОЛ-БАЛ за слепи и слабовидни на Македонија за 2014 година во Крива Паланка од 16-19.10.2014 година во новата спортска сала.

Затоа што Хуманоста не е доблест-туку обврска. И затоа што Ние сме тука меѓу вас. И затоа што НИШТО ЗА НАС-БЕЗ НАС.

15.10.2014 - 09:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега