Во Кичево 758 поднесени барања за отпишување на долгови
Во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Кичево до вчера кога и беше последниот рок за поднесување, барање за отпишување на долгови поднеле 758 баратели .
Со овој проект на Владата на Република Македонија беа обфатени социјално загрозените семејства и се одвиваше преку регионалните Центри за социјална работа .
- Интересот е задоволителен иако се очекуваше бројот на апликантите да биде поголем, но едно е сигурно дека бројката ќе беше поголема ако со проектот беа опфатени и општинските Јавни претпијатија и долговите кон истите, истакна директорот на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Кичево, Дшмир Лимани .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа