Шокантно: Магаре со сексуален нагон нападнало трудница во Радовишко (ВИДЕО)
Магаре со сексуален нагон вчера попладне нападнало трудница од Радовишко со иницијали Р.Т, објави Телевизија СТАР.
Младата жена извесен период била во близина на животното кое ненадејно тоа тргнало кон неа. Иако се обидела да го смири повлекувајќи се назад, во паниката паднала, а магарето покажало сексуален нагон и агресивност.
Од побеснетото животно трудницата ја спасиле најблиските кои животното го смириле со јажиња и сила.
Со видни повреди по лицето и неизвесност за детето, трудницата како итен случај е најавена за прием во штипската болница каде поминала една ноќ, а по стабилизирање на состојбата е пуштена дома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа