Попладне ќе се знае дали починатиот Британец имал ебола

 

Д-р Јованка Костовска денеска на прес-конференција информираше дека е добиена детална потврда од нашите партнери од Велика Британија за движењето на починатиот во последните неколку месеци.

- Од епидемиолошката анализа на овие податоци, може да се заклучи дека е уште помала веројатноста да станува  збор за вирусот ебола. Исто така, во овој извештаен период, добивме потврда од лабораторијата во Хамбург дека материјалот е примен. Пред 1 час, добивме и потврда дека започната е лабораториската анализа на материјалот, а потврдено ни е дека резултатот ќе го имаме денес доцна попладне, вели таа.

Таа истакнува дека засега во Македонија нема друг сомнителен случај. Лицата кои моментално се наоѓаат во карантин се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми, а особено е важно што меѓу нив нема состојба на паника и покажуваат разбирање за превентивните мерки кои ги презема здравствениот систем.

Уште еднаш сакам да повторам дека иако денеска веројатноста дека станува збор за ебола е уште помала, ние се надеваме на најдоброто, но сепак како здравствен систем сме подготвени и за справување со најлошото сценарио.

11.10.2014 - 14:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега