Само најхрабрите се движат во непосредна близина на хотелот во Мавровка
Пред „Супер осум“ раздвижено е, ама се има впечаток како само најхрабрите да се гости во кафулињата во негова непосредна близина. Како што јавува МРТ ретко кој сакал да зборува за човекот кој починал, а кого го познаваче речиси сите таксисти во близина на хотелот. Тие велат дека не се плашат од евентуалните резултати кои би потврдиле ебола во Македонија.
„Не не се плашиме, инаку алкохоличар беше.“
„Една година е веќе тука, не се сомневам во ништо. Тој пиеше нон стоп“, велат таксистите.
Сепак не е дека не постои вознемиреност. Можниот случај на „ебола“ во земјава и тоа на британски државјанин ги мобилизира новинарските екипи и од другите држави. Британскиот новинар што известуваше во живо Алекс Аоси ни пренесе дека британската влада е загрижена за состојбата, но дека тој не очекувал да известува токму од овој крај на светот.
-Не се ни надевав дека ќе известувам од ова место, а најмалку за случај за ебола. Се уште не се знае дали починатиот Британец бил заразен со вирусот, но доколку се утврди дека е така, ова би бил прв случај на починат Британец од ебола. Се уште не е потврдено дали се работи за вирусот, но и да се испостави дека е така, не може да биде опасно како во Африка, но во прашање е јавното здравје, вели Алекс Аоси, новинар.
Во хотелот гостите кои се затекнале кога Британецот починал останаа заробени во карантин, единствено надвор од хотелот на паркингот стојат сеуште автомобилите на дел од нив, од Бугарија и Турција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа