Орав на средби со пратениците од опозицијата
Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав, денеска во Собранието на Република Македонија ќе се сретне со пратеничките од опозицијата кои учествуваат во работата на законодавниот дом Роза Топузовска Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева.
Орав исто така во Собранието треба да разговара и со лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, најави партијата.
Средбите на пратеничките и лидерот на ДПА со Орав ќе се одржат по вчерашното објавување на извештаите за напредокот на земјите аспиранти за влез во Унијата.
09.10.2014 - 09:19
Фото:
новамекдонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа