Пешевски на средба со членовите на Парламентот на Велика Британија и Северна Ирска
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денес оствари средба со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Брајан Бинли и Марк Причард.
За време на средбата соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, нагласувајќи ја значајноста на натамошното подобрување на соработката меѓу двете земји во сите области кои претставуваат заемен интерес.
Пешевски, истакна дека македонската Влада презема низа мерки за економскиот и социјален развој на државата, како и да се одговори на предизвиците значајни за успешната интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, притоа нагласувајќи дека Македонија ја цени поддршката која ја добива од Велика Британија во овој процес.
Соговорниците се согласија дека Македонија се движи на вистинскиот пат и изразија задоволство од досегашната успешна соработка помеѓу двете земји која претставува одлична основа за понатамошно јакнење на билатералните односи, економската соработка како и можностите за привлекување на странски инвестиции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа