ФОТО: Груевски се сретна со делегација од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес
Премиерот Никола Груевски оствари средба со членовите на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук, на која позитивно беа оценети односите помеѓу двете земји, и на билатерално и на мултилатерално ниво. Од двете странии беше истакната значајноста на евроатланскиот интегративен процес на Република Македонија.
Премиерот Груевски, како што соопштуваат од владината прес служба, ги истакнал реформите кои се преземаат за унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја.
Членовите на американскиот Конгрес го истакнаа позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, и ја истакнаа поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа