ФОТО: Волшебно - ноќна сателитска снимка од Македонија
Неодамна Американската агенција НОАА (Национален геофизички дата центар) ја објави првата детална ноќна сателитска снимка на Земјата во висока резолуција. На најновите снимки, освен светлината од населбите, присутна е светлина од вулканските ерупции, шумските пожари, па дури и од снежните маси. Сепак, секој извор на светлина има свои карактеристични нијанси (бранова должина), така што со разни начини на филтрирање може да ги издвоиме само светлинските извори кои ни се од интерес.
Овие ноќни сателитски снимки со резолуција од само 100 м со кои сосема добро е покриена територијата на Македонија, претставуваат одличен извор на информации кои можат да се издвојат преку постапките на далечинска детекција. Така, може да се добијат податоци за разместеноста или промените во просторната дистрибуција на населението на некоја територија (општина, регион, држава, природна целина), потоа вкупен број на население на дадена област, степенот на економски развој, стандардот, степенот на антропогено влијание во просторот и многу други индикатори.
Линк до снимките: http://ngdc.noaa.gov/eog/viirs/download_monthly.html
Подготвил: д-р Ивица Милевски / iGeo за Факултети.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа