Германската амбасадорка во посета на Струмица
Кристине Алтхаузер германската амбасадорка во Македонија денеска ќе престојува во Струмица каде што ќе присуствува на отворањето на деловната зграда на фирмата Интрама од Германија.
Компанијата нуди технички системски решенија за прехранбена индустрија.
За време на посетата, германската амбасадорка ќе потпише и договор за проект на Општина Струмица кој предвидува делумно финансирање на ново возило со кое ќе се превезуваат оброците во детските градинки.
06.10.2014 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа