Гевгеличани ја покажаа својата хуманост - донирани 40 единици крв

 

Крводарителите од Гевгелија во текот на септември донирале 40 единици крв во службата за трансфузиологија при Општата болница во Гевгелија или 12 единици крв повеќе споредено со истиот месец лани.

Од спроведените акции во изминативе девет месеци од годината собрани се 531 единица крв, односно шест повеќе споредено со извештајниот период од 2013 година.

- Други години сме имале и подобри резултати на полето на крводарувањето, но и оваа бројка е задоволителна и охрабрувачка кон стремежот да го натфрлиме ланскиот резултат од 795 крвни единици, истакна Младен Бундов, секретар на Црвениот крст во Гевгелија.

Тој посочи дека доброволните крводарители се подготвени да се јават на секој повик од гевгелиската служба за трансфузиологија и додаде оти до крајот на годината ќе организираат уште четири дарителски акции, по две во Гевгелија и во Богданци. 

04.10.2014 - 14:53

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега