По донесувањето на владините мерки за справување со „син јазик“, болеста стивнува

 

Стивнува болеста син јазик, се исфрла ѓубрето од шталите и се чистат, по што се врши дезинсекција, за да се спречи понатамошно ширење на ова вирусно заболување. Ова беше истакнато на денешниот форум на ВМРО-ДПМНЕ на тема "Мерки за решавање на проблемот со болеста син јазик на сточарите", на кој присуствуваа министерот за земјоделие Михаил Цветков, заменик -министерот Ванчо Костадиновски, Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, пратеникот во Собранието на Р.М Ромео Тренов, ветеринари и сточари.

- Со намалувањето на температурите се очекува и угинување на мушичките кои го шират вирусот, односно го пренесуваат со убод од заболено на здраво животно, истакна министерот Цветков, кој додаде дека во моментов во државава има околу 35.000 заболени животни, од кои на најголема зараза се изложени овците, па потоа козите и говедата.

Од нив 8.000 животни се угинати, односно над 25 отсто, што според Цветков, е висок процент на смртност. Односно угинати се околу 7.000 овци, 70-80 кози и три-четири говеда.

Болеста е значително намалена откако Владата донесе сет мерки за спарвување со ова вирусно заболување за кое нема лек. Една од мерките, како што појани заменик-министерот Костадиновски,  е од превентивно – заштитна природа, а другата предвидува растеретување на замјоделците од неколку трошоци.

- Сите сточари за 2014 година ќе бидат ослободени од пашарина, а ќе добијат и субвенции за секое угинато животно, нагласи министерот Цветков.

Тој апелираше сите сточари да ги исчистат своите штали и да ги премачкуваат овците со средство против мушички, нагласувајќи дека во секоја една штала од вкупно 10.000 во Македонија ќе се изврши десинсекција од страна на ветеринарните служби.

За таа цел, наглаи тој, Владата на Р.Македонија издвои 18 милиони денари.

Болеста најмногу го погоди регионот на Источна Македонија, односно околината на Берово, и за првпат се појави кон средината на месец август.  Болеста „син јазик“ не се пренесува на луѓе.

04.10.2014 - 13:41

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега