Ќе ни се погоди ли времето викендов?
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните и јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 19 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви период и со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Во недела и почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа