Со иновацијата ЕКО66 до почист воздух и заштеда на гориво
На Државниот универзитет во Тетово денеска беше претставено функционирањето на иновацијата ЕКО66 кој ја заштедува потрошувачката на гориво на мотори со внатрешно согорување. На презентацијата присутвуваа преставник од Министерство за животна средина и просторно планирање и ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.
Тестирањата на изумот на Талат Молаоглу, го потврдија неговиот еколошки придонес и дадоа охрабрувачки почетни резултати. Уредот веќе се извезува во повеќе од дваесет држави низ светот и овозможува заштеда од 30 проценти на потрошувачката на гориво за сите видови на мотори со внатрешно согорување, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа