„Европското срце чука за здрави навики“ - Семинар за здрави навики кај младите

 

„Европското срце чука за здрави навики“ е темата на која од денеска до 9-ти овој месец во Кратово ќе се одржи семинар што треба да овозможи подобрување на квалитетот на системите за поддршка на активности во насока на зајакнување на младите и младинските организации за прашања во врска со здравјето и здравиот начин на живот.

На семинарот ќе учествуваат над 30 младински лидери, активисти и волонтери, од 15 партнерски организации од земјите членки на Европската Унија и земјите на Југоисточна Европа.

Цели на семинарот, меѓу другото, се да обезбеди простор и време за младинските организации, кои работат на теми поврзани со здравите животни навики помеѓу младите, да ја презентираат нивната работа, да се разменуваат примери за добри практики, да се фокусираат на дебати за здравјето од различни, да се проучат различните техники како сретство за промоција на позитивните страни на здрвиот начин на живот, да се потикне понатамошната соработка и вклучување на младите во процесот на креирање на подобар пристап кон младите...

Овој семинар исто така ќе се фокусира и на шансите и можностите за дијалог, можностите за идна транснационална соработка и заеднички активности помеѓу организациите учесници на семинарот. Со користењето на неформални едукативни методи, учесниците ќе бидат вклучени во активности за градење на тимови, панел дискусии, тркалезни маси и поеднични или групни вежби и анализи.

Младинскиот семинар се одржува во организација на „Слоу Фуд Млади Македонија“ со подршка на програмата „Млади во акција“ на Европската Унија. 

02.10.2014 - 09:57

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега