Младите од Штип и Благоевград научија како се изработуваат грнчарски предмети

 

Во рамки на проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ денеска дваесет млади луѓе од општините Штип и Благоевград добија дипломи за правење грнчарски предмети и изработка на бизнис планови.

Проектот е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а партнери се Општина Штип и Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека проектот има за цел да ги возобнови старите занаети кои биле присутни на овие простори.

Воскреснување на овие занети им дава шанса на идните генерации да ги зачуваат овие занаети, а притоа да го зачуваме тоа културно наследство, рече Захариев.

Вера Алексијева од Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград вели дека проектот ќе продолжи и во Бугарија, каде што учесниците ќе научат како се прави накит.

Во Благоевград ќе продолжиме со теоретскиот дел, како се пишува бизнис план, потоа буџет за истиот и таму освен гранчарство учесниците ќе правиме и накит и сувенири како час од културното наследство, вели Алексијева.

Проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ е со времетраење од 18 месеци и вкупна вредност од 98.627 Евра.

01.10.2014 - 15:44

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега