Објавени добитниците на државната награда „11 Октомври“
Пулмологот-алерголог Дејан Докиќ и историчарот Зоран Тодоровски, се добитници на државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката и образованието.
Како што соопштија од Министерството за култура, одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ одлучил, највисоко признание за животно дело во областа на културата и уметноста да ја додели на Рамадан Шукри музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова-Димитрова народен уметник и академик Катица Ќулавкова писателка.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2014 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа