Избрани новите пилоти - обуката стартува утре

 

Во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, утре министрите за одбрана и за внатрешни работи, Зоран Јолевски и Гордана Јанкулоска ќе се обратат по повод почетокот на обуката на новата генерација слушатели од родот авијација, како и кандидатите за идни пилоти на хеликоптерската единица при МВР.

Во рамки на новата генерација, во Центарот за обука на пилоти ќе се обучуваат лица за потребите на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

Обуката на кадетите трае 18 месеци, а се изведува од страна на искусни предавачи и пилоти.

30.09.2014 - 16:35

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега