Почнува бербата на јаболкото во Ресен

 

Во Ресен денеска со традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко ќе почне годинашниот Преспански јаболкобер.

На манифестацијата денеска ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Михаил Цветков.

 

Во рамки на Преспанскиот јаболкобер ќе биде пуштен во употреба системот за упраувување со органски отпад - Компостара во Ресен. Ова е прв од ваков тип во државата, во кој, органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост.

Манифестацијата ја организира Општина Ресен.

27.09.2014 - 10:29
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега