Зоран Џорлев се приклучи во кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“
Свој придонес и поддршка за кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“, која ја спроведува Владата во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот , се приклучи и Зоран Џорлев.
- Мојата професија бара чести патувања надвор од градот. Јас сум навистина совесен шофер. Независно дали се движам низ градот, или патувам некаде надвор од него, секогаш го ставам сигурносниот појас. Луѓето често знаат да го игнорираат сигурносниот појас додека се движат низ градот, затоа апелирам дека не постојат исклучоци. Важно е да се почитуваат правилата не само за да се избегнат казните, туку за да се избегнат незгодите, вели Џорлев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа