ВНИМАВАЈТЕ: Свински плевел кој убива луѓе и се заканува на Македонија
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил предупредува дека во Македонија има опасност од појава на опасен свински плевел кој може да убие и човек.
-Во Унгарија е регистрирана појава на свински плевел, растение кое може да убие човек. Гигантскиот свински плевел кој во Германија е деклариран за најотровно растение, се појави во Унгарија, а наскоро постои веројатност да се појави и во соседна Србија и кај нас, алармира ексминистерот Димовски.
Инаку, гигантскиот свински плевел (HERACLEUM MANTEGAZZIANUM) може да предизвика слепило и сериозни оштетувања на кожата. Имено, ова растение содржи соединение ФУРОКУМАРИН кое во контакт продира низ епидермисот и предизвикува сериозни оштетувања на кожата доколку таа се изложува на сончево зрачење.
-Во некои европски земји е препорачано да се искорени плевелот, а во Германија е прогласен за најштетен и најотровен уште во 2008 година, со препорака за негово искоренување, потенцира екс-министерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа