Иванов: Со конструктивност и почитување на рамката за разговори до решение за името
До решение за прашањето за името може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Ова го изјави претседателот Иванов денеска на средбата со медијаторот Метју Нимиц.
Поздравувајќи го ангажманот на амбасадорот Нимиц, претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.
- Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името, рече претседателот Иванов.
По средбата со претседателот Иванов, специјалниот претставник на Обединетите Нации, Метју Нимиц ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа