Во Охрид се одбележува светскиот ден на борба против хепатитис

 

Невладината организација „ХЕПТА“ во соработка со НВО „Опција“-Охрид и Црвениот крст-Охрид вечерва со музички хепенинг ќе го одбележат Светскиот ден за борба против хепатитис-28 Јули. Настанот ќе се одвива на плоштадот „Кај Чинарот“ во Охрид каде ќе настапат познати групи.

Годинава кампањата се одвива во Охрид, како наш најголем туристички центар. Досега се реализирани повеќе активности. На 23 јули во просториите на Црвениот крст-Охрид се одржа едукативно предавање наменето за спасувачите, а следниот ден се реализира едукативно предавање наменето за лица помлади од 18 години. На 25 јули се одржа едукативно предавање наменето за лица со ризично однесување.

Во текот на кампањата се вршат бесплатни тестирања за хепатит Ц и се делат флаери со едукативна содржина.

Светскиот ден за борба против хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој стана официјален ден на Светската задравствена организација (СЗО) во 2010 година. Датум за одбележување на  Светскиот ден за борба против хепатитис е 28 јули, кој е избран во чест на проф. Барух Блумберг, кој ја доби Нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.

Оваа година кампањата се одвива под мотото „Хепатитис – Размисли уште еднаш“, со што се нагласува потребата сериозно да се размисли и да се подигне свеста за вирусниот хепатитис, за начинот на ширење на вирусот, за потребата секој да се тестира на време без ралика дали се чувствува сосема здрав, да не ги стигматизираме инфицираните...

28.07.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега