Нема задржувања на граничните премини

 

Сезоната на годишни одмори и претстојниот продолжен викенд, денеска не ја зголемија сообраќајната фрекфенција на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“.

Дневната динамика на граничниот премин „Богородица“ изнесува околу 20.000 патници дневно во двете насоки односно околу 30.000 патници за време на викендите. 

Во најголемите шпицеви задржувањето на границата заради обавување на царинските формалности изнесува најмногу од 15 до 20 минути.

Релаксирана е состојбата и на граничниот премин „Дојран“ каде вообичаено повеќе патници има на излез од земјава поради зголемено транзитирање низ овој премин на туристи од Србија кои патем сакаат да го видат и Дојранското езеро.Тука, автомобилите и автобусите се задржуваат околу пет минути.

 

25.07.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега