Радост: Дечињата од социјално ранливите категории заминуваат на бесплатен одмор
Нови 250 дечиња од социјално ранливите категории денеска ќе заминат на бесплатно летување. Проектот што го обезбедува Владата преку проект на Министерството за труд и социјална политика, континуирано се спроведува од летото 2012 година, а продолжува и годинава.
- На децата кои припаѓаат на социјално загрозените семејства и децата кои се без родителска грижа да им обезбедиме бесплатно летување. Годинава заминаа 680 деца и има уште пет смени со 1.070 лица, истакна премиерот Груевски.
Со овој проект се обезбедува целосно бесплатно летување или зимување на децата од социјално загрозените семејства со што се покажува грижа за оваа категорија граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа