Штетите од невремето во Ресен големи - Владата ќе помогне

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска констатираше дека штетите направени од невремето што го зафати Ресен се големи и Владата ќе настојува да помогне.

- Владата нуди големи поволности во делот на аграрот. Вие, како овоштари, треба да размислувате преку цела година, а не само кога ќе се случат вакви непогоди, кога јаболкото тешко ќе се продава. Ние стоиме на располагање да се разговара за секој проблем да најдеме решение. Нудиме субвенции за осигурување на родот. Тука се средствата на ИПАРД програмата, големи средства кои ако не се искористат пропаѓаат, истакна Цветков кој смета дека мора да се размислува и за менување на сортиментот, поточно да се засадуваат јаболка што ги бара пазарот.

По посетите на погодените овоштарници, министерот Цветков одржа состанок и со производителите на јаболко за поблиску да се запознае со нивните проблеми и да понуди решенија, во рамки на владините надлежности. 

- Едно е сигурно, Преспа ќе живее од јаболкото. Ние сме тука да помогнеме, а тоа ќе го сториме заедно со вас јаболкарите. Она што го видов денеска е навистина катастрофа, а тоа треба да не освести. Полека треба да стануваме вистински фармери посебно ако тоа ни е единствена егзистенција, додаде Цветков.  

Редици од јаболкари чекаат да ги пријават штетите кај комисиите што ги формира локалната самоуправа. 

24.07.2014 - 15:03
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега