Македонски доктори на обука во германската клиника Хајдекреис

 

Македонски доктори и медицински сестри  од наредниот  месец  ќе одат на едукација во германската клиника Хајдекреис која е реномирана здравствена установа којашто дава здравствени услуги за населението од голем број населени места во овој регион од Германија. На годишно ниво има околу 18.000 болнички пациенти и преку 45.000 амбулантски лекувања. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа на денешната средба македонскиот министер за здравство Никола Тодоров  и проф. Томас Витингер, шеф на Одделот за интерна медицина на германската клиника.

- Почнувајќи од наредниот месец, првата група доктори и медицински сестри од сите медицински области ќе заминат на едукација во овој врвен медицински центар, а на годишно ниво планирано е вкупно 50 доктори и медицински сестри да бидат испратени на едукација, соопшти Министерството за здравство.

На средбата се разгледани и можностите повеќе германски доктори и професори да вршат едукација на медицинските тимови од Клиничката болница-Тетово и ГОБ „8 Септември“ во областа на интервентната кардиологија, со што дополнително ќе придонесат кон унапредување на функционирањето на мрежата на интервентна кардиологија во Македонија.

 

16.07.2014 - 14:04
Фото: 
либертас
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега