Николовски: Во текот на летото ќе излеземе со бум вест за сите што сакаат да патуваат

 

Работиме проекти кои беа заглавени и истите целосно ги придвиживме во изминатата година, истакна во синоќешното гостување во “Вечерното шоу на Богдан Илиевски”, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, анализирајќи што е направено на инфраструктурен план во првата година од мандатот на Владата.

“Охрид – Кичево беше проект од кој практично сите беа откажани, сега веќе се гледа крајот таму, браната Отиња, односно вештачкото езеро во Источна Македонија, беше нешто што одеше тешко, сега го одглавивме, Прилеп-Градско првата фаза веќе ја пуштивме во употреба, втората е пред завршување, тука се коридорите 8 и 10д, односно Тетово-Гостивар, Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола автопатите каде што немаше никакви активности, така што имаме една сериозна инвестициска активност. Тука е и проектот за градски воз во Скопје, проектот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, од кои 80 ќе бидат за Град Скопје, 40 за останатите општини во државата. Во моментов имаме активна реконструкција и опремување на Градската болница “8-ми Септември” и уште десетина проекти кои што паралелно ги водиме, така што практично играме десеттобој, но сум задоволен бидејќи има резултати” – истакна Николоски.

Николоски најави и новитет во однос на авиосообраќајот каде во изминатата година се отворени 11 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, а следува и реконструкција на охридскиот аеродром.

“Во текот на летото ќе излеземе со вест која што ќе е бум за сите кои што сакаат да патуваат и за туристите кои што сакаат да доаѓаат во Македонија, со што ќе имаме едно сериозно подобрување на поврзаноста на Македонија”- додаде Николоски.

06.06.2025 - 15:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега