Николовски: Оваа влада не сака да влеземе во ЕУ

 
И оставивме на оваа влада една година за нова преговарачка рамка-нема нова преговарачка рамка. Оставивме една година за уставни измени со одложено дејство, ниту тоа не се издејствува од страна на владата, нема подобра позиција во целата оваа година. Затоа сум лично уверен дека оваа влада не сака да влеземе во ЕУ, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во „Тема на денот“, во вестите на Сител.
 
Николовски нагласи дека друга алтернатива нема освен осигурување на европската иднина и тоа се случува во период кога Албанија се одвојува со преговорите, кога Црна Гора веќе влегува, а ние тапкаме во место и тоа ќе биде уште една поголема причина за најголемиот проблем, а тоа е иселувањето на младите.
 
Во врска со провокациите од бугарска страна во Европскиот парламент, Николовски истакна дека тоа не се случува за прв пат и смета дека ЕП тоа нема да го дозволи.
 
-Оваа провокација доаѓа од сестринска партија на владеачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека и таа пречка ќе биде отстранета. Тоа ќе биде доволно веќе за премиерот и владата да застанат цврсто и одлучно токму на патот што е стратешка цел, утврдена со самата независност. Дека нема повеќе да го губиме времето и дека ќе ја оствариме оваа цел, ќе дојдеме до европскиот пазар, до големите европски фондови, дека паралелно со процесот на преговори ќе градиме систем, ќе се реформираме, ќе создадеме шанса за младите да останат тука, нагласи Николовски.
 
Тој потенцираше дека СДСМ и претседателот Филипче побараа поддршка од ПЕС во Европскиот парламент и истакна дека македонскиот јазик и идентитет се гранатирани и со европскиот договор и ФРОНТЕКС.
 

 

-Договорот е на македонски јазик, договорите и со Грција и со Бугарија се потпишани на македонски јазик. И првата меѓувладина конференција и скриниг процесот се одвиваше на македонски јазик. Благодарение на СДСМ. Нема посилна потврда низ официјалниот пат на преговори со ЕУ за идентитетот, за разлина од ваквите провокации, кои ние ги осудуваме, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во вестите на Сител.
02.06.2025 - 21:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега