Николоски: За два месеци пуштивме 34 километри автопат
Втората делница од автопатот од Кичево до Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид денеска ја пуштивме во собраќај. За два месеци вкупно 34 километри пуштивме за сообраќај во активна употреба што веќе претставува многу повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на следната година останува да го завршиме целиот автопат. Разликата е јасна, претходно седум години ништо не се работеше, сега со посветена работа успеваме овој автопат да го градиме и да го пуштаме во сообраќај, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков го пуштија во сообраќај, делот од Климештани до Охрид.
Вицепремиерот Николоски потенцира дека ова е многу значајна делница која ќе придонесе за развој на економијата, туризмот и севкупниот развој на охридскиот регион.
Како што истакна овој автопат е симбол за посветена работа и симбол за неработењето на претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа