Николоски: По 200 нови туристи секој ден слетуваат во Македонија
Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија, Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од месец октомври на охридскиот аеродром секој ден ќе слетуваат по два чартер авиони со по 400 туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју на ТВ Канал 5.
Тој потенцира дека владините политики за поддршка за воведување на нови авиолинии ги даваат ефектите, тоа е 20 проценти повеќе или за 101 илјада повеќе туристи споредено со минатата година.
“Мај месец во споредбa со мај месец минатата година има зголемување од 101 илјада туристи повеќе. Број еден е Скопје и треба да е Скопје бидејќи трендовите на туризмот се менуваат, главно главните градови или туристичките центри се број еден туристичка дестинација во светот, луѓето сакаат да патуваат, да истражуваат. Така да број еден е Скопје, број два е Охрид, во проценти имаме за 20 % повеќе споредено со минатата година и тоа е рeзултат на две политики. Едната на подршка на чартер летови. Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија или Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од октомври месец ќе идат два авиони, ќе слетуваат на охридскиот аеродром, значи ќе имаме 400 нови туристи секој ден, дополнително на тоа е чартерот од Манчестер и дополнително на тоа е за 9 месеци отворивме 11 нови авонски лиинии што секако имаме ефект, затоа што ја променивме политиката на субвенционирање и даваме субвенции на патници што доаѓаат, затоа што поентата е да подржите повеќе луѓе да доаѓаат во државата, а не да заминуваат. Претходно се давало субвенции за заминување од државата. Така да тие диркетни летови многу менуваат, се отворија дестинации од Скопје кои претходно ги немаше, се отворија од Охрид кои претходно ги немаше, така да овие сите летови го даваат својот ефект”- истакна вицепремиерот Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа