Николоски: Денеска тргнува првиот воз од Скопје кон Куманово, патувањето ќе трае 41 минута
Вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски објави дека денеска од Скопје кон Куманово ќе се обрати првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града.
-Денеска сме во Македонски железници Транспорт за да соопштиме една убава вест, нештои што го ветивме денеска ќе се реализира. Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, тоа го ветивме на отварањето на железничката прга Куманово-Бељаковце, и еве од денеска е вистина. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје, изјави вицепремиерот НИколоски и додаде:
-Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, ќе олесни комуникација за сите жители на сСкопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време, така што овој воз навистина многу ќе помогне во комуникацијата меѓу Скопје и Куманово, ќе го намали загадувањето, затоа што ќе се намали сообраќајот, се се намали и гужват во сообраќајот и најбитно точно ќе знат луќето кога треба да пристигнат, со цел точно да можат да ги завршуваат своите работи, изјави додаде Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа