Ние сме македонски Бугари - чекаме да не стават во Уставот: 97 години од смртта на Мара Бунева
Десетина граѓани кои се декларираат како македонски Бугари денеска го одбележаа 97-годишниот јубилеј од смртта на Мара Бунева, со оддавање почит на спомен-плочата која се наоѓа на кејот на Вардар во Скопје. Како и во претходните години, групата на луѓе положи цвеќе пред плочата и сликата на Бунева, по што организираа панихида во црквата „Св. Димитрија“.
По обредот, присутните изјавија дека имаат посебна порака – очекуваат дека македонските Бугари ќе бидат ставени во Уставот на Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа би било важен чекор кон надминување на омразата меѓу балканските народи.
„Македонија си е држава, но има и македонски Бугари. Ние овде, што се собираме, сме македонски Бугари. Кога ќе бидеме ставени во Уставот, се ќе си дојде на свое место. Очекуваме тоа да биде наскоро, тоа е природен процес“, изјави еден од присутните, додавајќи дека ова е праведно и ќе се постигне брзо.
Мара Бунева (1902-1928), родена во Тетово, извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 14 јануари 1928 година, на кејот на Вардар во Скопје, а по извршувањето на нападот се самоубила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа