Неверојатна сличност: Новак Ѓоковиќ во Токио со двојничката на неговата сопруга (ФОТО)
Социјалните мрежи се преполни со фотографии од спортисти од Јапонија, во рамките на Олимписките игри.
Првиот тенисер во светот е една од најголемите sвезди на годинашните Олимписки игри, а ги изненади и насмеа своите обожаватели позирајќи со пливачката која личи на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ е одлично расположен и сака да ги споделува искуствата со другите бидејќи, како што самиот рекол – од тоа ја црпи енергијата за натпреварувањето.
Меѓу бројните селфија и фотографии направени од Ѓоковиќ во Олимпиското село, се најде и онаа со алжирската пливачка Амал Мелих, која со маска на лицето неверојатно потсетува на неговата сопруга Јелена, поради нејзините очи и коса. Со маска, тешко е да се разликуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа