Нема веќе смартфони во училиштата: Европските земји сметаат дека лошо им влијаат на децата

Како што дигиталната технологија станува сѐ по присутна во животите на младите, европските земји сѐ повеќе се загрижени од прекумерната употреба на мобилни телефони, социјални медиуми и други форми на дигитална комуникација, додека некои гледаат да ја забранат или ограничат употребата на мобилните телефони во училиштата.

Неодамнешни истражувања укажаа на алармантната врска помеѓу прекумерното време поминато пред екранот и негативните последици по менталното здравје и способноста за учење кај децата и младите. На пример, едно истражување на Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) препорачува ограничена и одговорна употреба на мобилните телефони во училиштата.

Во јули, откако го доби вториот мандат како претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека ќе се справи со зависноста од социјалните мрежи и онлајн-насилството, повикувајќи се на распространетата загриженост од негативното влијание врз менталното здравје и благосостојбата.

Сè повеќе гледаме извештаи за она што некои го нарекуваат криза на менталното здравје, рече фон дер Лајен. – Ќе го спроведеме првото европско истражување за влијанието на социјалните медиуми врз благосостојбата на младите. Им го должиме тоа, додаде таа.

16.09.2024 - 20:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега