Напад со нож во Тетово: 31-годишник избоден пред угостителски објект
Вчера во 23.40 часот во СВР Тетово од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив било примено лице со повреди од нож.
Утврдено е дека повредениот е А.Т.(31) од Р.Албанија, кој пријавил дека околу 23.30 часот пред угостителски објект во градскиот трговски центар на улица „Илинденска“ во Тетово, со нож бил нападнат од Б.Ш. од Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.05.2025 - 13:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа