Најтопло во Гевгелија со 34 степени
ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА во 14 часот (во 0 С)
16 Попова Шапка, 22 Маврови Анови, 23 Лазарополе, 25 Крушево, 27 Охрид, Тетово, Прилеп, Берово, 28 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Крива Паланка, Претор, 29 Скопје- Петровец, Виница, Битола, Велес, 30 Кавадарци, 31 Демир Капија, 32 Струмица, 34 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и со мала до умерена локална облачност. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, кој во Штип дуваше со брзина од 55 км/ч.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за
изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре и во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа