Над 160 000 гласови разлика меѓу Силјановска Давкова и Пендаровски од 88,25% обработени податоци


На 88,25% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 319,655 гласа, објави Државната изборна комисија.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 158,797 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 108,139 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 76,277, Максим Димитриевски со 69,224, Билјана Ванковска 35,399 и Стевчо Јакимовски со 7,403 гласа.

24.04.2024 - 23:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега