МВР во контрола на прилепски стрелачки клуб - недостасувале пиштоли и пушки

 


СВР Битола поднел кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

МВР денеска соопшти дека во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел од воздушните пиштоли и пушки, на дел од воздушните пушки не биле читливи фабричките броеви, а дел од оружјето кое го има во клубот не било регистрирано во системот за регистрирање и управување со оружје во МВР.

22.05.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега