МВР: И денешните дојави за бомби се лажни
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
02.03.2023 - 16:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа