Муцунски оствари проштални средби со амбасадорките Јовановиќ и Џејн

 


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари одвоени проштални средби со амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ и амбасадорката на Кралството Шведска Еми Ларсон Џејн.

На средбите, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски изрази благодарност за севкупниот ангажман и придонес на двете амбасадорки во унапредувањето на билатералните односи и меѓусебната соработка за време на нивниот дипломатски мандат во нашата земја.

- Соговорниците изразија заедничко задоволство од континуираниот политички дијалог на високо ниво и успешната соработка во сите области од заемен интерес. Притоа беше реафирмирана заедничката посветеност за натамошно продлабочување на односите и одржување на отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението. 

12.06.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега