Муцунски ја пречека високата претставничка на ЕУ Каја Калас

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во Скопје ја пречека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Во својата Фејсбук објава, министерот истакна дека пред нив е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекува конструктивна и отворена дискусија.


 

„Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите“ напиша Муцунски во објавата.

Во рамки на посетата ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.

 

23.05.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега