ММФ прогнозира: Раст на македонската економија од 3,2 проценти сега и догодина

 

Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава  и за следната  2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти. 

Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5 отсто, Албанија, 3,8 отсто, Косово, 4 отсто, Црна Гора, 3,2 отсто, БиХ, 2,8 отсто. 

ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.

Во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3 проценти.

Во САД се очекува раст од 1,8 отсто, кој според претходната процена изнесуваше 2,7 проценти. Намалена е и прогнозата за раст за Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1 отсто.

23.04.2025 - 08:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега