Мизрахи: Државата ќе покрива до шест обиди за инвитро-оплодување

 


Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, нешто што досега беше незамисливо за многу семејства, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Таа кажа дека законските измени, предложени од страна на парламентарното мнозинство, отвораат ново поглавје за илјадници граѓани кои со години се борат со неплодноста.

„Претходно, само првите три обиди за ин витро беа покривани од државата. Но реалноста покажува дека често се потребни повеќе. Медицината не е универзална формула – таа е индивидуален пат. И ние како држава мораме да го препознаеме тоа. Проширување на бројот на обиди за ин-витро од 3 на 6, покриени од Фондот“, најави Мизрахи.

Со измените ќе се направи и вклучување на различни типови на БПО процедури, вклучително и со сопствени (автологни) репродуктивни клетки и со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма.

Исто така, додаде таа, се воведува и поедноставена електронска процедура за поднесување барања.

09.07.2025 - 13:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега